blagoec 2

Автор: Биљана Т. Димко

Како е можно девица да зачне? Како е можно нечие распнување да го спаси човештвото?

Ни мене не ми беше јасно, а до некаде и не ми беше ни сфера на интерес, сè додека не се реализирав како мајка – почетокот беше вистинско искушение кое ми ја откри силата на молитвата. Некогаш се случува во животот кога човечкиот фактор (докторскиот) не е гаранција дека ќе се спаси нечиј живот, ама Божјата волја секогаш победува и би живот.

Женскиот род претставува портал за населување на човечкиот род на ова сино-зелено тло.

1

Патував низ рурална и низ градска област додека возот ги абеше шините, во селата и полето невидливиот ветер ги оплодува овошките, неусетно води љубов со секоја тревка и таа се разубавува, додека во градот ја вееше прашината од асфалтот, ги отвораше капаците од контејнерите и целото ѓубре го кажа на видело, па на градските чистачи им  направи дополнителна работа… Ветрот сегде е ист – часкум северец студен, или јужен шеметник. Битно е каде се наоѓаме.

Ветрот, наликува на човечкиот животен здив, наликува на допир, наликува на сила, наликува на воплотување – јас вака умеам да го објаснам Бог.

Бескрајно се благословени жените кои станале мајки, кои имале можност истовремено покрај нивното срце, да чука уште едно срце во нивната утроба.

Полека наближуваме до времето кога сè покатегорично се дели пченицата од каколот, па верата, надежта и љубовта се најмоќните оружја за задржување на човека на светлата полутопка.

Благоец е почетокот на спасението, кога Архангелот Гаврил ѝ се јавил на Марија :

„Радувај се благодетна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените; и ете ти ќе зачнеш во утробата и ќе родиш син и ќе го крстиш со името Исус. Он ќе биде голем и ќе се нарече син на Севишниот и ќе му го даде Господ Бог престолот од неговиот татко Давида и ќе царува над домот Јаковов секогаш и царството негово нема да има крај.

Blagoec

Светот потклекнува на искушенијата кои му се доделени за да зајакне во неговата нематеријална форма, а за жал тој е нестабилен и во неговата материјална форма.

Па оттука има една мисла која се провлекува низ маргините на социјалните мрежи: „Дајте им на мајките/жените да го водат светот, така нема да има ниедна војна“.

Жената е интуитивна – таа знае дека секоја војна однапред и изгубена, ако мора нечиј живот да се покоси.

Марија, Богородица била свесна кого ќе го роди, но сепак не останала рамнодушна кога се исправил крстот со распнатиот Исус, кога ги изговарал последните зборови, кога ѝ го доделил Јован, апостолот на љубовта за син – можеме само да претпоставуваме како го преживеала Великиот  петок или да се запрашаме како им е на мајките кои погребале дете…Самата помисла е ужасна…а е нечија стварност.

Неформално, во православниот свет, Благоец се смета за ден на мајките, кога тие ги благословуваат своите деца, а децата на своите мајки им даваат дарови: прегратки, бакнежи, поминуваат време со нив.

Оттука Богородица им служи како пример за најтопло и богобојазливо мајчинство на секоја мајка во христијанскиот свет, таа е заштитничка на сите мајки кои се ревносни во верата кон  Спасителот Исус Христос кој ги понесе на крстот гревовите на човештвото, а за возврат бара само милост и покајание.

Како времето влијае на спиењето и одморот
Промените во температурата, воздушниот притисок, влажноста на воздухот и врнежите влијаат врз …
Совети за детоксикација на Вашиот живот
Вашата околина е еден од најважните фактори за вашите хормони, како и …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…