Како дел од битолското културно лето БИТ ФЕСТ, во рамките на Балкан гала фестивалот, на Ракометното игралиште во Битола, многубројната публика имаше можност да се забавува со Поп симфонијата.

Поп Симфонија 27

Битолчани на втората вечер од Балкан Гала беа исто така во голем број со цел под ѕвезденото небо на Ракометното шеталиште да ги слушнат постарите, но и актуелните поп хитови.

Поп Симфонија 3

Поп симфонијата ја отвори битолскиот „Супермен“ – Виктор Апостоловски.

Поп Симфонија 31

Емотивен момент беше кога Гоца Тржан ја исполни песната „Игри без граници“ од Тоше Проески.

Поп Симфонија 13

Ристо Самарџиев пак се наврати на својот настап пред 40 години на истото место, а потоа заедно со публиката ги пееја неговите хитови.

Поп Симфонија 18

Публиката во еден глас ги испеа и хитовите на Горан Каран и Тони Цетински. Но, особено ги воодушеви нивната заедничка изведба на „О Соле Мио“.

Поп Симфонија 28

На поп симфонијата гостуваа Ламбе Алабаковски, Тони Цетински, Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Горан Каран, Викторија Лоба, Александра Јанева и Виктор Апостоловски. Изведувачите беа придружувани од Камерниот оркестар на Битола со диригентот Владимир Димовски.

За крај сите зааедно ја исполнија „Битола мој роден крај“.

Фотогалерија на Саше Богоевски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Со концерт на Каролина Гочева започна 14. издание на БИТ ФЕСТ

Со концерт на Каролина Гочева во античкиот театар Хераклеја, започна 14-то издание…

Чалгиска песна и ора одекнаа во Офицерскиот дом во Битола

Во Офицерскиот дом Битола Ансамбл Македонија приредија незаборавна вечер во која најнапред…

Давор Неќак и Горјана Стојановска приредија незаборавна вечер за битолчани

Во преполната сала на Офицерскиот дом во Битола, синоќа, во рамките на…

Вредните мали ликовни уметници на Илинденски денови

Изминатите неколку дена вредните детски раце од битолските училишта твореа, цртаа, додека…