Библиотекарките од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, докторанд Фатма Бајрам Аземовска и м-р Гордана Ѓоргиевска – Неделковски ја посетија Националната библиотека во Лајпциг, Германија. Во Германија постојат само 2 национални библиотеки од кои едната е во Лајпциг, а другата е во Франкфурт на Мајна.

Историјата на библиотеката во Лајпциг започнува во 1914 година. Во тој период во Лајпциг се одржувала Меѓународна изложба за трговија со книги и графика. По завршувањето на изложбата целиот материјал бил оставен. Оваа можност била искористена во Лајпциг да се отвори националната библиотека која започнува со архивирање на целиот тој материјал, а подоцна ги собира, архивира, документира и библиографски, забележува сите германски публикации и публикации издадени на германски јазик од 1913, странски публикации за Германија, преводи на германски дела и дела на германски емигранти издадени во странство помеѓу 1933 и 1945 и да овозможи да станат достапни на јавноста. Германската национална библиотека одржува соработки со надворешни субјекти на национално и меѓународно ниво.

Соработката со издавачите е регулирана со закон од 1935 за Германската библиотека Лајпциг и од 1969 за Германската библиотека Франкфурт. Должностите се поделени помеѓу објектите во Лајпциг и Франкфурт на Мајна и секој објект ја насочува својата работа во одредени области.

Во 2010 поради потребите на библиотеката е дограден нов дел. Библиотекарките Аземовска и Ѓоргиевска- Неделковски имаа можност да ги разгледаат музејот на стари книги кој е во рамки на Националната библиотека во Лајпциг, а потоа да ја посетат и библиотеката.

346040490 573885721514795 8923507824574389561 n

„Бидејќи е Национална библиотека, книгите можат да се користат само во читалните кои се наменети за корисниците. Во рамки на библиотеката функционираат 8 читални, секоја е со посебен стил. За јавноста е достапна најстарата читална која има автентичен изглед. Стилот на едно вековна историја помешана со новите архитетски достигнувања оставаат без здив. Љубезните библиотекари ни ја раскажаа историјата на библиотеката и ни овозможија да го посетиме и затворениот дел од библиотеката“, раскажуваат за своето искуство Фатма и Гордана.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…