оилија

Оче, благослови!

Си беше еден цар Игор, силен многу. Заповеда и ја собра сета земја своја и направија фурна голема за три години. Фурната имаше три врати. Кога сакаше да ја завали фурната, тогаш се случи бура многу голема, та фурната се исполни со вода. Ги собра сите двеста свои жреци и не знаеше што да прави.

И дојде тезвитенецот Илија и им рече на жреците: „Ако ја исушат вашите богови фурната и ако ја завалите, да ми ја пресечете главава. Ако ли  пак  мојот Господ ја исуши и ја завали, јас да ве заколам вас“. Тогаш царот и сите жреци истото го рекоа и дадоа збор. Се чудеа кај можело за еден ден да се исуши и да гори.

Илија го помоли Бога и пушти Господ оган од небеси и се запали и виваше. Тогаш Илијa ги закла сите жреци цареви.

Проклетата Велзавела царица виде дека Илија ќе ги увери сите, и го намачка лицето свое со смрдеа телесна, и дојде кај Илија. Кога ја виде Илија, побегна Дух Свети од него и стана како прост човек, и не знаеше кај да се скрие.

Таа сакаше да го убие. А тој побегна в пустина, и се сторија четириесет дена кога постана и седна да се почине. И виде зад себе дрво кај се ниша и му се стори дека е Велзавела. А тој избега и свика од срце:„Господи, прибери ја душава моја да не ја гледам Велзавела“. И отиде в пустина и остана пет месеци. И пак дојде  Дух свети ко Илија. А Богу слава!

Апокрифите се јавуваат како специфичен средновековен книжевен вод, присутен во сите средновековни книжевности, како и кај сите Јужни Словени. Самиот збор апокриф има грчко потекло што значи: скриен, таен, обвиткан. За нивната суштина пишува нивниот одличен познавач Порфирев: „Кај сите стари народи имало тајни религиозни книги, чие потекло му се припишувало на Господа, или на познати луѓе од подлабоката старина. Тие се чуваа во храмовите во тајност и им беа достапни само на свештениците или на луѓето упатени во религиозните тајни.

Извор: Апокрифи, Вера Стојчевска Антиќ, ИК Табернакул, 1996

meblo trejd - k elementi
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Приказна: Како се бираат мајките на предвреме родените деца?

Некако, го замислувам Бог како лебди над земјата. Мајките ги избира според…

Биљана Т. Димко: Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Т. Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…

Кога љубите не велете: родени сме еден за друг, оти љубовта е потрага, не се добива по раѓање – поетски израз на Влатко Деловски

Влатко Деловски е човек – систем, роден во Битола, а потекнува од…

„Светот стана прибежиште за сите стравови“ – Виктор Дамчевски, кој умее да го чуе она кое не говори

Виктор Дамчевски е економист по професија. Живее во Битола. Често има ораторско…