гимназија нас

На 10 декември заврши 16 дневниот активизам за борба против насилство врз жени и девојчиња. По тој повод, креативните и вредни ученици од  Литературниот клуб- Драма, при СОУ “Јосип Броз-Тито” – Битола, под менторство на професорката по Македонски јазик и литература – Симона Петровска во соработка со училишниот „Тим за превенција од насилство претставуван“ од психологот Елена Кузмановска снимија едукативно видео под наслов “А, може и вака! “. Видеото кое е снимено  од ученичката Теона Петровска од III година е доказ дека со препознавањето на насилството и градењето на здрави начини на комуникација сме го направиле првиот чекор кон градење на силна младина која на сиот глас промовира дека е ПРОТИВ НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ И ДЕВОЈЧИЊА!

Во видеото учествуваат: Дарко Велкоски, Теона Петровска, Филип Илиевски , Ева Јосифовска, Христина Талевска, Викторија Бикова, Михаил Ивановски,Теодора Марковска,Андреа Милошевска, Наталија Павловска, Михаела Талевска,Никола Поповски, Марија Јанеска.

Физичкото насилство е одлика на слабите луѓе. За жал, општествените мерила се многу изместени, и во сиов овој хаос најмногу страдаат девојчињата и жените, девојчињата бидејќи сѐ уште се емоционално незрели, а имаат прилика да се соочат со нефункционални односи внатре во семејството, најчесто меѓу родителите, во кои најчесто е жртва мајката, т.е нечија сопруга поради многу причини, но не мора да е насилството само кон жените насочено, статистиката веќе забележува и мажи кои пријавуваат семејно насилство.

gimnazija 04

Насилството, воопшто, дали е физичко обвиткано со модринки, или преку психичка тортура, омаловажување на нечија личност, идентитет, човечка вредност, не смее да се дозволи.

Затоа, сѐ почесто се крева гласот против насилството кое доведува до најразлични  болесети кај жртвата, а може да резултира и погубно, а тоа не смееме да го дозволиме. Затоа, што почесто треба да разговараме со нашите партнери, деца, отворено за тоа како се чувствуваме во нашата врска. Онаму каде што има отворен разговор, можно е решение, во обратен случај неуспехот го трпат не само партнерите, туку целото семејство.

Во таа насока, гиманазијалците од СОУ „Јосип Броз-Тито“- Битола снимија едукативно видео кое гледачите ќе ги замисли – „А, може и вака!“ – може, ама ако се сака.

meblo trejd mialnik
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…

Приказна: Како се бираат мајките на предвреме родените деца?

Некако, го замислувам Бог како лебди над земјата. Мајките ги избира според…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

„Скокнав од работ на совеста и нурнав во вртлогот на забрзаниот крвоток“ – денот на поезијата го одбележуваме со стиховите на Силвана Нешковска

На Светскиот ден на поезијата беше промовирана збирката поезија „Првата половина“ од…