izlozba dlub

На изложбата се претставуваат 35 членови од Битола, Прилеп, Ресен, Куманово, Кавадарци, Струга, Струмица и Скопје. Учесници за 2023 се: Александар Поповски, Андреј Мајановиќ, Бојана Артиновска, Бојана Тошевска, Буба Мешкова Солак, Валентина Илијевска, Вангел Крстиновски, Ване Костуранов, Ванчо Кеков, Васко Ѓоргиев, Владимир Илиевски, Владимир Младеновски, Дејан Макаријоски, Димитар Димитров, Димитри Балојани, Душан Шешиќ, Ѓорги Зајаковски, Елизабета Костова, Златко Крстевски, Златко Лечковски(гостин), Лара Ташковска, Љупка Галазка Василев, Маја Танева, Марјан Котевски, Мартин Јакимовски (гостин), Нела Петровска, Николче Српчански, Оливера Лазаревска-Оља, Панде Петровски, Петар Кирановски, Роберт Михајловски, Слободан Рајчевски, Стефан Анчевски, Тони Попов и Филип Јовески.

На оваа изложба се доделува наградата „Борислав Траиковски“, за најдобро ликовно остварување во чест на еден од највлијателните македонски дејци во уметноста и еден од првите повоени образовани ликовни уметници. Наградата ја доделува Комисија составена од историчри и критичари на уметност, реномирани уметници, културни дејци и член на фамилијата Траиковски.

„Оваа изложба  бележи  пресек на ликовни остварувања на членовите  изработени во последната година. Општ впечаток е дека доминираат дела на млади креативци  кои веќе го изградиле или се обидуваат да го трасираат својот творечки пат.

Изложбата има емотивна и духовна вредност поврзана со Борислав Траиковски, уметник кој остави печат на ликовниот живот во Битола. ДЛУБ потпирајќи се на духот и делото на овој уметник, секоја година  ја негува искрата од огнот која ја остави зад себе. Како извор на инспиративен поттик на изразување со неверојатни можности, творештвото на овој уметник лебди на секоја изложба особено со доделувањето на награда за најдобро ликовно остварување насловена „Борислав Траиковски“. Актуелната полифонија на уметничките изрази на оваа изложба  покажува различен состав на вредности, автентичен ликовен јазик и крајна  слобода на индивидуалното творештво. Изложбата открива широк дијапазон на независни и автентични сликарски поетики на авторите и илустрира креативна динамика која суштински го отвора патот кон согледување и обликување на  современата уметност во Битола“, истакна Лиљана Христова – историчар на уметност, виш кустос. Член  на Друштвото на Историчари на Македонија и на Меѓународното здружение на ликовни критичари (А1СА).

„Друштвото на ликовните уметници од Битола е создадено пред повеќе децении со одредена цел, причина и општествена улога кои во повеќедецениското опстојување се менувале во различни насоки и мотивации, докажувајќи ја оправданоста и неопходноста од ваква формација, која секогаш била во насока на спасување, поттикнување и афирмација на креативноста и визуелниот израз.

Сегашниве тенденции во самото здружение,  за среќа, успеваат да обединат неколку суштински елементи кои се еден вид барање, излез, искрена припадност и зачувување на автентичната индивидуалност обединета во специфичен колективизам, сличен на острово, кое е наспроти огромното копно на сериозната девалвација во однос на човечката дехуманизација во сите насоки.Денес да се биде со ликовната уметност, едноставно и непретенциозно е знак, патоказ, можеби потреба да се биде едноставен, непретнциозен, природен, благороден Човек, ако сеуште нешто и на некому му значи тоа,“ вели Владо Ѓорески – уметнички директор на Меѓународното графичко триенале во Битола, и кустос за современа уметност при националната установа Завод и музеј – Битола.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…