Битола, изминатиот викенд беше центар на заинтересирани студенти и програмери кои во 48 часовен хакатон го покажаа своето знаење и вештини во креирање на апликации за финтек индустријата.
Хакатонот се одржа во новоотворениот Финтек хаб на првата национална финтек компанија, формирана од домашен капитал – СН финансии.

Учесниците, поминаа интензивни 48 часови работејќи на своите идеи а најдобрите освоија чек од 3.000 евра.

316462843 541781960769599 661416444209311986 n

„Целта на Финтек Хакатонот беше на младите луѓе, студенти и програмери да им се пружи активно знаење од оваа област, при што имаа прилика да креираат сопствени продукти и да ги унапредат своите вештини со поддршка на редицата домашни и странски ментори кои ги обезбеди ПРЕДА плус фондацијата за одржлив развој, но и да се запознаат со едно работно опкружување на цел еден тим кој им помага во идејата. Оваа програма е дел од еден обемен проект INNO-ECOSYSTEM кој е кофинансиран од Европската Унија и од националните фондови на земјите учеснички преку Интерег ИПА Програмата за прекугранична соработка. И ова е само почеток на вакви настани. По завршувањето на овој сегмент, веќе одиме на следниот проект кој е поставен на ист принцип, но ќе биде насочен кон иновативни технологии во една друга индустрија. Наскоро многу детали и за него„- истакна Маријана Милевска, директорка на ПРЕДА плус.

На Финтек Хакатонот претходеа серија настани кои имаа за цел да ги селектираат најдобрите тимови кои ќе влезат на хакатонот, сите ученици добија и обука за Design thinking од Solveo, која ги содржеше сите фази, корисни алатки и техники кои учесниците ги применија во своите проекти кои ги развиваа на хакатонот.

317295714 5926285787422267 6423016448037759217 n

“Имаме веќе дефинирана старт ап заедница, Битола со над стотина комапнии во ИТ секторот станува интересен играч кој се наметнува не само национални, туку и глобално. А мојата визија од пред две години, да станеме како Битола и центар за развивање на Финтек идеи со овој проект кој го работиме партнерски со ПРЕДА плус, станува реалност. Условите на пазарот се добри за македонскиот технолошки сектор. Финтекот е веќе дел од развојната заедница на Македонија, а дел од нас веќе работиме на проекти надвор од границите. Тоа значи дека нашите инвестиции во анимирање на младите сили да се насочат во оваа бранша се сосем оправдани. Видов одличен потенцијал и многу креативна енергија на 48 часовниот хакатон, изборот на ментори им даде шанса на овие млади луѓе да учат од најдобрите, да развиваат финтек продукти од новата генерација, но и сами да трасираат пат за нови промени во финтек секторот. Тоа е огромна прилика за оние кои сега почнуваат, за разлика од нас кои тоа пред неколку години го немавме. Ова е секако важно и за искусни колеги кои работат на проекти на иднината„- истакна Никола Јошевски, генерален директор на СН финансии.

316236039 3429708597349150 5120170844600708792 n

Судиите на хакатонот, немаа лесна задача да го изберат најдобриот тим.

“Потребно беше над 60% од планираното време за жири комисијата да одлучи кој е победник на првата финтек стартап програма. Сите тимови работеа посветено, страсно и со ентузијазам на нивните иновативни решенија што беше многу тешко да се одлучи. Разликата беше бо нијанси. Победничкиот тим Брошуранс е во областа на осигурувањето и помага на корисниците да донесат едуцирана одлука која понуда на пазарот е најсоодветна според однапред дефиниран алгоритам кој со тек на време станува ‘попаметен’”- изјавија судиите по објавувањето на одлуката.

Победниците се велешаните Благојче Јосифоски, Билјана Илијевска Давчев, Стеве Наќески и Мите Штериовски со својота идеја Broshurance.
Broshurance е платформа за брокерски маркетинг, менаџирање на клиенти и купување на осигурување кое е скроено за секој клиент посебно.

jk travel borovec
Вечер на музика со македонски писатели во организација на Book’s House – собраните средства за хуманитарни цели
Синоќа се одржа настанот „Хуманитарна вечер со македонски автори“ во организација на …
„Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски го отвори 44. Издание на ИФФК „Браќа Манаки“
Филмот „Домаќинство за почетници", по сценарио и во режија на Горан Столевски, …

    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

    Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

    ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

    Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

    Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

    На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…