25-годишната Лина Лумбуровска од Битола е уште еден од многуте примери за млад човек кој е успешен во својата струка надвор од Македонија. Лина дипломираше во Љубљана, Словенија, на Факултетот за компјутерски и информатички науки, а моментално освен што го подготвува и својот магистерски труд, таа работи и по својата струка како Front-end developer во Бон, Германија. Во интервјуто со Лина поразговаравме за темата „Startup и вештачка интелигенција“ која што ни дава слика што нé чека во иднина, имајќи го предвид брзото темпо со кое се развива технолгијата и се величи вештачката интелигенција, секако со цел подобрување и олеснување на животите на луѓето ширум светот.

312624474 654001013053326 1078767064550872977 n

Читај бе: Лина, од твоето досегашно искуство, како би го опишала поимот „startup” и кое е неговото точно значење во виртуелниот свет?
Лина: Со поимот „startup“ би ја дефинирала секоја компанија која се наоѓа во почетната фаза од својот развој. Вообичаено основачите на стартапите се обидуваат да привлечат надворешни инвеститори со цел да го поддржат својот развој. Надворешните инвестиции не само што се особено значајни на самиот почетокот, туку и во понатамошните фази, кога стартапот се соочува со висок ризик за успех или неуспех.

Читај бе: Кажи ни нешто накратко за вештачката интелигенција. Според сегашните статистики и она на кое што моментално работиш во Германија, колку вештачката интелигенција ќе ни биде секодневие во иднина?
Лина: Со помош на вештачката интелигенција моментално се работи на замена на многу човечки операции, а тоа значи дека со помош на системи или машини се заменува досегашното и познато човечко извршување на операциите. Целта е секако со повторливо извршување на истите да се добијат подобри информации. Моментално оваа област е многу повеќе застапена отколку пред неколку години и истата би се развивала уште повеќе во иднина.

Читај бе: Како би ја опишала твојата професија како програмер и на што сé треба да биде подготвен секој поединец кој е заинтересиран да ја работи оваа професија во иднина?
Лина: Оваа професија би ја опишала како една доста динамична и флексибилна професија која нуди огромен број на можности. Секој поединец од оваа област треба да биде подготвен на континуирано учење, бидејќи технологиите се развиваат и менуваат со брзо темпо. Од друга гледна точка пак, флесибилноста е огромна и секој поединец има простор да се пронајде во она што е најдобро за него.

313482998 1165122081038801 6729844046283931306 n

Читај бе: Си работела во Македонија и Словенија, а моментално си успешна на ова поле и во Германија. Што беше пресудно за пренасочување на кариерата во Германија?
Лина: Главните предизвици за пренасочување за мене беа преминувањето од голема фирма во стартап кој сметам дека претставува еден поинаков развој на кариерата, добра понуда, приклучување во новосоздадена фирма, избор на технологиите и желба за учење од областа на вештачката интелигенција.

313087516 841372983566045 2418667037292764106 n

Читај бе: Кои разлики си ги забележала во самиот развиток на кариерата пред да го напуштиш работното место во Македонија и откако се пресели во Германија?
Лина: Разликите кои ги забележувам моментално се поголеми одговорности во самата фирма, што е сосема очекувано бидејќи станува збор за мал тим и областа во која работам е целосно различна. Самото тоа за мене претставува еден голем предизвик со многу новитети и учење од различни области (примарно развој на веб апликации и машинско учење).

312222658 1122333035323884 5859657659687620397 n

Читај бе: Во иднина, кои би биле позитивните, а кои негативните страни на startup и вештачката интелигенција и кога истата би можела целосно да се вгради во образовниот систем?
Лина: Преку стартапите се развиваат можности за нови иновации и развој на целото општество, меѓутоа секогаш ќе постои и самиот ризик за неуспех. Како главна придобивка на вештачката интелигенција во образовниот систем би ја издвоила можноста за брзи одговори меѓу наставниците и учениците, со што се подобрува универзалниот пристап за учење. Недостатокот тука е намалување на потребата за физички пристап и намалување на потребата од физички контакт меѓу наставниците и учениците.

308498396 378849471054090 707043690224582809 n

Читај бе: За крај би сакала да им пренесеш краток совет на нашите читатели, а особено на оние кои во иднина планираат да се приклучат кон ИТ сферата.
Лина: Би сакала да ги поддржам сите поединици кои имаат интерес за оваа сфера во иднина да вложат време и финансии за да станат дел од неа. Сметам дека областа на ИТ нуди многу опции, се развива во правилна насока и придонесува олеснителни околности за општеството.

meblo trejd alati 2
(ВИДЕО) Велигден во храмот „Свети Димитриј Великомаченик“ во Битола
Христос Воскресе! Навистина Воскресе!Со овој радосен поздрав, точно на полноќ, храмот „Св. …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Интервју со Валентина Степановска Андонова, просветен работник на годината за учебната 2022/2023

5 Октомври – денот посветен на една од најблагодарните професии од почетокот…