Битолскиот Баир, веќе четврта година е фокус на акцијата за негово зазеленување под мотото Зелен Баир. Оваа година битолскиот холдинг БВ бизнис груп и со обезбедување на сите садници и со лична работа на денот на засадувањето се вклучи во граѓанската иницијатива Зелен Баир во соработка со Центарот за европски развој и интеграција.

„Заштитата на животната средина е инвестиција во иднината. Целта е да насадиме што повеќе дрвца сега околу Кркрдаш, за да ги видиме резултатите по неколку години. Дрвата не ги садиме само за себе туку и за идните генерации“, изјавија од БВ бизнис групацијата.

ЗЕЛЕН БАИР13

Во оваа акција како и изминатите години учество зедоа  членовите на здруженијата кои се дел од  платформата ЗЕМИ ЗДИВ. Во претходните 3 години на ЗЕЛЕН БАИР  беа засадени 400 зимзелени садници од кои дел успешно се адаптираа и веќе го зазеленуваат просторот. Оваа година беа пополнети празнините во веќе засадените леи и беше отворен нов појас во кој се засадени новите садници од црн бор.

„Не радува што има компании кои го препознаваат значењето и на засадување дрва и на тоа да се биде општествено одговорен. Овој холдинг како општествено одговорна групација на компании ја препознаа нашата заложба за ревитализација на зелениот појас над нашиот град и ни помогнаа во набавката на садниците и со својот тим се вклучија во реализација на акцијата за пошумување.„ – истакна организатор Мирко Наумовски од иницијативата Зелен Баир.

ЗЕЛЕН БАИР02

Заложбата на ентузијастите собрани околу иницијативата Зелен Баир е обнова на поранешната борова шума на ридот Баир која има функција на бели дробови на градот, и создавање уште еден простор за рекреација на битолчани.

Триесет и пет години подоцна, уште чекаме да пораснеме?
Пишува: Сара Танаскоска Триесет и пет години се повеќе од доволни за …
Најлош е лицемерниот човек – како да се справите со него?
Да се ​​обидеш да смениш лицемерен човек е исто како бришењето прашина …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…