mitarot i farisejot

Неделата на митарот и фарисејот е првата од трите недели, подготвителни за Великиот Пост. Тие се од светите отци смислени како обука и поттик, за да бидеме готови за духовниот подвиг на постот, оставајќи ги скверните обичаи и навики. Оние кои се готват за телесна битка, најпрвин од војсководците го дознаваат времето на битката, за навремено да го исчистат оружјето, и сè друго добро да устројат, и откако ќе ги отстранат сите пречки, усрдно да се нафатат на подвигот, и да се снабдат со сè што ќе им биде потребно. Многупати пред битката, тие кажуваат истории, споредби и приказни кои во душата поттикнуваат ревност, а ги изгонуваат мрзливоста, стравот, очајанието, и сето друго што е бедно. Така и божествените отци, пред постот, возгласуваат вооружување против демоните, за со тој подвиг да се исчистиме од отровот кој се наталожил во нас. Доколку сè уште не сме се снабдиле со потребното, да се трудиме да го стекнеме, за да бидеме добро наоружани за напорот на постот. Бидејќи првото оружје кон добродетелта е покајанието и смирението, а пречка кон поголемото смирение е гордоста и вознесувањето, затоа најпрвин и се изложува оваа достоверна евангелска приказна. Нè поучува да ја оставиме страста на фарисејската гордост и надменоста, та слично на митарот да твориме спротивно на оваа страст, смирение и покајание. Бидејќи првата и најголемата страст е гордоста и надменоста, и тоа му причини пад од небото на ѓаволот, па тој беше изгонет во темнината. Но, и родоначалникот Адам, заради ова беше изгонет од рајот, преку храната. Со овие примери нè поучуваат светите да не се вознесуваме над некого од ближните заради своите напредувања, туку секогаш да бидеме смирени, затоа што Господ им се противи на гордите, а на смирените им дава благодат.

Подобро е кога грешникот се обрнува во покајание, отколку кога праведникот се вознесува. Рече Господ: митарот си отиде повеќе оправдан отколку фарисејот. Оваа приказна покажува дека никој не треба да се вознесува, дури ни кога прави добри дела, туку секогаш да се смирува и да Му се моли на Бога за душата, па така, дури и да е паднат во крајно зло, нема да е далеку од спасението.

476641430 614984337942305 7649754250339337883 n

Црковната традиција, со помош на подготвителни недели за Великиот пост, ни одговара дека гревот можеме да го победиме со помош на добродетелите.

Првата таква добродетел – е смирението. За тоа говори првата подготвителна Недела – Неделата на митарот и фарисејот. Фарисеите биле почитувани духовни водачи во еврејското општество, кои го исполнувале Старозаветниот Закон, покажувајќи се пред луѓето како праведни. Ете, еден од овие фарисеи, доаѓајќи во храмот, почнува да се моли и заблагодарува на Господа дека не е грешник како другите луѓе. Тука фарисејот ја манифестира најопасната страст, која предизвика пад не само во човечкиот свет, туку и во ангелскиот свет – а тоа е гордоста. Светите Отци учат: доброто дело направено со гордост, ја губи својата вредност и значење. Таквата молитва не може да биде прифатена од Бога. „Бог се противи на горделивете, а на смирените им дава благодат”, е речено во Соборното послание на Светиот апостол Јаков (Јак. 4, 6). Па така, Бог ја испраќа Својата благодат врз друг човек, кој се моли  во задниот дел од храмот, односно врз митарот. Митар, според нашето разбирање, е даночен цариник, кој собира данок, а во Евангелскиот текст станува збор за даночен цариник, кој собира данок во корист на друга држава, односно во корист на Римската Империја. Не е тешко да си замислиме, каков бил односот кон таквите собирачи на даноци меѓу Евреите. Евреите ги мразеле и презирале митарите, сметајќи ги како предавници на татковината и верата. Во Талмудот постоело и правило, дека  допирањето до митарите, е еднакво на осквернувањето. И ете, таквиот митар, доаѓајќи во храмот, застанал на крајот од храмот и со наведната глава удирајќи се во гредите, почнал да се моли: „Боже, биди милостив спрема мене грешниот!“ (Лука 18, 13). Ова Евангелие завршува со зборовите: „Тој си отиде дома повеќе оправдан, отколку оној; зашто секој што се воздига, ќе биде понизен, а кој се понизува ќе биде воздигнат.” (Лука 18, 14). Според мислите на Светите Отци, смирението –  е првиот чекор на патот кон Бога.

Научете да ги читате луѓето – затоа што не секогаш ја говорат вистината
Секој од нас, барем еднаш се соочил со ситуација кога некој му …
Не го трошете животот на луѓе кои не го заслужуваат тоа
Не го трошете животот на некои луѓе чии заеднички денови беа повеќе …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…