Младите музичари од Битола, Павел Талевски (тапани), Димитар Србиноски (клавир), Јован Ристевски (гитара) и уште неколку членови, после напорниот труд и секојдневните вежби, тренинзи и пракса, одлучија да формираат сопствена музичка група „Еверест бенд“ чија главна цел ќе биде промовирањето на забавната музика и креирање енергична атмосфера на вечерните забави, концерти и други специјални пригоди.

grupa everest 9

Денеска на плоштадот Магнолија го имаа својот прв официјален настап со цел да ги запознае битолската публика.

Тапанарот на групата, Павел Талевски рече:

grupa everest 4

„Најчесто свириме македонска поп-музика. Решивме од ова место затоа што Широк Сокак е поим за Битола, а плоштадот е почетната точка. Имаме закажано свирки до декември и се надевам дека почесто ќе се дружиме. Порака наша е: Никогаш да не се откажувате од сонот“, рече Павел.

На денешниот настап поддршка им беа пејачите Виктор Апостоловски и Никола Зацески.

grupa everest 7

„Идејата беше на дечките по битолска линија да направиме нешто интересно, бидејќи се нов бенд, да се промовираат. Јас секогаш зборувам дека треба да се поддржуваме меѓу себе, па решив да бидам пример и да им дадам поддршка. Се надевам дека ќе има повеќе вакви иницијативи од други млади музичари во градот, да направиме нешто повеќе за културата во градот, бидејќи порано имаше бендови со „лопата да ги риниш“, а сега не можеме да најдеме луѓе за во бенд“, рече Виктор.

grupa everest 21
meblo trejd raboti

„Ние го поминавме овој пат, знам колку е битна поддршката за овие деца, затоа одлучив веднаш да прифатам без разлика дали сум слободен или не. Овие деца поминаа низ моите раце додека бев овде професор, им давам поддршка кога им е најпотребна. Тие се целосно вложени во овој проект, а самите битолчани ќе видат дека произлегува ново име кое ќе биде познато“, изјави Никола.

grupa everest 8
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

Академијата за боречки вештини „ЗА НЕД ДО“ го прослави 40-от роденден

Кунг Фу Клубот кој гордо го носи името на сопствениот град „Битола”…

Смела и гламурозна креација на Александар Ортак за матурски фустан

Матурската прослава е крајната точка на едно прекрасно животно поглавје исполнето со…