outdoors 3111507 1280

Треба да им се восхитуваме на луѓето кои продолжуваат да го живеат својот живот без да имаат потреба да го изложуваат пред другите.

Треба да ги цениме луѓето кои се во совршена физичка кондиција и кои редовно одат во теретана, но не објавуваат слики и објави за тоа на социјалните мрежи. Секоја почит за луѓето што се хранат правилно, но не ја форсираат темата во секој разговор. Да им се восхитуваме на чистите генијалци кои се срамежливи кога се во прашање нивните сопствени дела и креативност.

Секоја почит за мајките кои вистински ги сакаат своите деца и не ги користат само социјалните мрежи за да се промовираат со хаштагот #mother. Секоја почит за жените кои се свесни за својата убавина, но живеат во хармонија со неа, не го користат своето тело како средство за привлекување внимание или како мамка за одобрување од другите.

Да им се восхитуваме на жените кои имаат приватни профили на социјалните мрежи и изгледаат одлично, но немаат потреба да им се докажуваат на другите.

Секоја почит за луѓето кои сепак живеат за себе, одат на одмор и молчат за тоа дека пиеле шампањ и уживале во Милано. Секоја почит за луѓето кои прават нешто за самиот чин на создавање и живеење, а не за да привлечат внимание и одобрување од околината.

Да учиме од овие луѓе. За да не станете само уште еден од модерните луѓе кои се опсесивно свртени само кон себе.

Колку некој е посилен како личност, толку е поскромен, без разлика на кој аспект од животот гледате. Само оние кои се празни внатре прават врева и бараат постојано внимание.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…