Еден ангел му се обратил на човекот:

– Сакаш да ти го покажам животот?

„Сакам“, рече човекот.

Ангелот го подигнал над земјата и човекот го видел својот живот, а покрај своите, уште еден пар траги.

– Кој е до мене?

„Јас сум“, одговорил ангелот.

– Те следам цел живот.

„И зошто понекогаш има само една трага?

„А тоа се најтешките периоди од твојот живот“, одговорил ангелот.

– И што? Ме остави сам во најтешките моменти? Како можеше да ме оставиш тогаш? – човекот тажно праша.

„Не, тогаш те носев на раце“, тивко одговори ангелот.

„Бог се грижи за нас во нашите неволи, разговара со нас преку Своите Ангели и ни ги испраќа за да нè закрилуваат и да нè водат. Тие ги изгонуваат од нас малодушноста и слабоверието, нè поттикнуваат за молитва и за духовна бодрост и нè охрабруваат во борбите со искушенијата и со злото. Зборувавме за Ангелот пазител кого го добиваме при крштението и кој од Бога е задолжен да ни внушува добри помисли, да нè чува во послушание кон Црквата, да ни помага во исполнувањето на заповедите Божји. Неговата рака многупати нè запазува од разни зла, искушенија и опасности во животот, иако ние, можеби, често не сме ни свесни за тоа. Сепак, мислам дека сите ние сме забележале моменти во сопствените животи кога ангелската помош и интервенцијата одозгора била очигледна. Тоа е нашиот Ангел пазител, кој ни е доделен од Бога, за да биде покрај нас во животните премрежија. Не е случајно тоа што на секоја поголема богослужба Црквата поставила прозба за да ни се даде „Ангел на мирот, верен наставник, пазител на душите и телата наши“. Епископ Партениј, Игумен Бигорски

meblo trejd kabanici
За сите разочарувања кои нé отрезниле…
Сакам разочарувања. Зошто? Затоа што тоа е моментот на отрезнување. Моментот кога …
„Да ја вратиме љубовта кон читањето“ – проект на Пелагонските културно-научни средби
Учениците од четврто одделеное од ООУ „Коле Канински“- Битола со нивните одделенски …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…